Во Шри Ланка офанзива на војската против Тамилските Тигри


Војската на Шри Ланка соопшти дека околу 39 илјади цивили ја напуштиле воената зона на север од земјата, бидејки армијата се подготвува за завршна акција против бунтовничките Тамилски Тигри. Војската тврди дека Тамислките Тигри не им дозволуваат на сите цивили да се евакуираат, додека пак бунтовниците велат дека армиските сили ги гранатираат и цивилите.