Москва ќе го откаже состанокот со НАТО поради воената вежба во Грузија?

Рускиот амбасадор во НАТО Дмитриј Рогозин се закани дека Москва ќе го откаже состанокот на ниво на воени команданти меѓу Русија и НАТО, доколку Алијансата подолжи со плановите за воени вежби во Грузија. Русија, се спротивставува на планираната вежба на НАТО во околината на Тбилиси што ќе се оддржи од 6-ти мај до 1 јуни. НАТО од друга страна соопшти дека неможе да го разбере спротивставувањето на Москва на планот за воени вежби во кои ќе бидат вклучени 1 300 воници од 19 земји.