Хилари Клинтон изрази надеж за ослободување на новинарката

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон повика на ,,брзо ослободување“ на иранско-американската новинарска Роксана Сабери, која иранскиот суд ја осуди на осум годишна казна затвор поради шпионажа во корист на Соединетите Држави. Се надеваме дека иранските власти што е можно побрзо ќе преземат чекори, вклучувајќи и правни мерки, што ќе доведат до брзо ослободување на Сабери и нејзино враќање дома, рече Клинтон.