Иранските правосудни власти бараат целосна истрага за случајот со новинарката

Шефот на иранското правосудство Ајатолахот Махмуд Хашеми Шахруди наредил целосна истрага за случајот со американско-иранската новинарска Роксана Сабери обвинета на осум годишна казна затвор за шпионажа во корист на Соединетите Држави, јави иранската новинаска агенција ИРНА. Тој исто така повикал на ,,фер, брз и правичен„ процес во рамки на обжалувањето на пресудата пред повисоките судски инстанци. Соединетите Држави изразија длабоко жалење и загриженост за судбината на новинарката Сабери.