Самерс – Укинувањето на ембаргото за Киба ,,сеуште е далеку“

Лари Самерс, економски советник на претседателот на Соединетите Држави Барак Обама изјави дека укинувањето на американското ембарго кон Куба ,,сеуште е далеку“. Самерс во интервју за телевизијата ЕН БИ СИ (NBC) рече дека какви било суштествени промени во американско-кубанските економски односи ќе бидат ,,донесени врз основа на однесувањето на Куба.“ Државниот секретар Хилари Клинтон во петокот изјави дека администрацијата на Обама ,,бара начини со цел поголема продуктивност во односите со Хавана“. Кубанскиот лидер Раул Кастро соопшти дека Куба е отворена за разговори за сите проблеми.