Авганистан ќе го зголеми бројот на полициските сили

Авганистан планира зголемување на сегашните полициски сили чиј број изнесува 82 илјади, за дополнителни 15 илјади полицајци за претседателските избори во земјата што треба да се оддржат во август. Министерот за внатрешни работи Мухамед Ханиф Атмар изјави дека зголемувањето на силите е ,,во согласност“ со стратегијата на американскиот претседател Барак Обама, за помош на авганистанските и меѓународните трупи во борбата против бунтовниците.