Ахмадинеџад повика да се ,,обезбедат“ сите права на одбрана за новинарката

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад побара од иранското правосудство, да ги обезбеди сите ,,права на одбрана“ за иранско-американската новинарка. Писмото од Ахмадинеџад до иранскиот јавен обвинител е објавено ден откако новинарката Роксана Сабери беше осудена на осум годишна казна затвор поради шпионажа за Соединетите Држави. Иранскиот претседател истото го побарал и за иранско-канадскиот блогер Хосеин Деракшан, кој е приведен во ноември минатата година. Американскиот претседател Барак Обама изрази ,,длабока загриженост“ поради пресудата на иранскиот суд за новинарката Сабери.