Апел до Ахмадинеџад да ја запре дискриминацијата во Иран

Групите за човекови права денеска побараа од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад да ја запре дискриминацијата врз религиозните и етнички малцинства, како и врз жените, во Иран. Меѓународната Федерација за човекови права и Иранската Лига за Човекови права исто така соопштија дека Ахмадинеџад мора да го сопре поттикнувањето на омразата. До нивниот апел доаѓа во пресрет на Конференцијата на ОН посветена на расизмот што неделава треба да се оддржи во Женева, на која е предвидено да се обрати и иранскиот претседател.