Православните верници го прославуваат Велигден

Православните верници ширум светот денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение. Синоќа точно на полноќ, пред голем број верници со богослужба во Соборниот Храм Во скопје, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан го објави настапувањето на празникот. Празнувањето на Велигден, утринава продолжи со свечени литургии во повеќе македонски православни храмови.