Парламентарни избори во турскиот дел на Кипар

Во турскиот дел од Кипар денеска се оддржуваат парламентарни избори, а анкетите покажуваат водство на националистичката Партија на национално единство. Победата на оваа партија, односно промената на власта во турскиот дел од Кипар, би можело да предизвика притисок врз претседателот Мехмет Али Талат да заземе поцврст став во разговорите со кипарските грци, кои беа обновени во септември.