Ахмадинеџад – Иранската војска во функција на регионалната стабилност

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад на денешната церемонија по повод денот на иранските оружени сили, изјави дека ,,иранската војска ќе помогне во зачувување на стабилноста на Блискиот Исток.“ Моќта на иранската армија е во функција на сите држави во регионот и ќе помогне во зачувувањето на регионалната безбедност и стабилност, рекол Ахмадинеџад во говорот на церемонијата на иранската армија во околината на Техеран.