Најмалку 13 лица загинале во насилствата во Авганистан

Најмалку 13 лица, меѓу кои и двајца цивили, загинале во насилствата во Авганистан, во изминативе 24 часа. Двајцата цивили, од кои една жена, загинале при експлозија на бомба во провинцијата Кандахар, соопштија локални претставници. Во напад извршен од страна на вооружено лице во провинција Парван загинале петмина чувари во една банка, додека во неколку одвоени операции изврешни од коалиционите сили, биле убиени шесттмина бунтовници.