Во Кина се оддржува Форум на Азиските држави

Кинескиот премиер Вен Џибао на отварањето на Форумот Боао на кој присуствуваат претставници од Азиските земји изјави дека кинеската економија се движи ,,подобро од очекуваното“ и покрај одреденото намалување на извозот поради глобалната економска криза. Стимулативните пакети даваат резултати и економијата покажува позитивни придвижувања, истакна на отварањето на Форумот кинескиот премиер. Тој сепак предупреди дека економијата се соочува со потешкотии поради кризата и повика на соработка помеѓу Азиските држави.