Покана за Лукашенко на самит на ЕУ во Прага

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е поканет на самитот на Европската унија што во идниот месец треба да се одржи во Прага. Поканата му била врачена за време на денешната посета на шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг на Минск. Тој сепак изјави дека се уште не било решено дали Лукашенко ќе учествува на самитот или ќе испрател свој претставник. Освен Белорусија на состанокот се поканети и Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан.