Средба на премиерите на Хрватска и на Словенија?

Премиерите на Хрватска и Словенија Иво Санадер и Борут Пахор до крајот на овој месец ќе разговараат за решавање на граничното прашање и деблокада на хрватските преговори со Европската унија. Претходно, како што јавуваат хрватските медиуми, шефовите на дипломатиите на двете земји ќе се состанеле со еврокомесарот за проширување Оли Рен. Хрватска смета дека решението за граничниот спор треба да се бара пред меѓународниот суд, но Словенија тоа го одбива со образложение дека одлуката на Судот е обврзувачка.