Куба изрази готовност за разговори со САД

Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Хавана е подготвена за дискусија со Вашингтон за сите прашања, вклучувајки ги и човековите права, но на рамноправни основи. Ваквиот коментар на кастро дојде само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека би сакал Куба да го направи наредниот чекор кон подобрувањето на меѓусебните односи. Обама веќе ја укина забраната за патување и за испраќање пари на Куба.