Вљубен мечок ги вознемирувал граѓаните на Љубљана

Службата за интервенции синоќа со специјална пушка го успа мечокот што ги вознемируваше жителите на Љубљана. Животното било забележано во близина на љубљанската зоолошка градина. Се претпоставува дека мечокот дошол во градот привлечен од млада мечка- жител на зоолошката градина.