Ќе продолжат руско-грузиските разговори

Русија и Грузија следниот месец ќе ги продолжат безбедносните разговори во Женева, се наведува во заедничкото соопштение од ОН, ЕУ и ОБСЕ. Во разговорите, кои започнаа по минатогодишниот руско-грузиски конфликт, исто така се вклучени и претставници на двете отцепени грузиски области Јужна Осетија и Абхазија, како и од Соединетите Држави. Разговорите, во кои досега е забележан мал напредок, се фокусирани на безбедносни и хуманитарни прашања.