Нормализирање на односите меѓу Турција и Ерменија?

Турскиот министер за надворешни работи Али Бабачан пристигна во Еременија, додека двете земји се обидуваат да ги решат историските недоразбирања, што долги години се одразуваат врз билатералните односи. Бабачан учествува на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка. Ерменија денеска соопшти дека е близу до воспоставување на дипломатски односи со Турција, јавува агенцијата Ројтерс. Ерменскиот министер за надворешни работи Едвард Налбандиан изјавил дека преговорите се во тек и дека е остварен напредок. Преговорите меѓу Турција и Ерменија за нормализирање на односите, започнаа минатата година.