Во самоубиствен напад во Ирак загинале 10 полицајци

Во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Киркук загинале најмалку 10 полицајци, а 22-ца полициски офицери се повредени. Како што е соопштено, нападот врз автобусот во кој се наоѓале полицајците бил извршен во момент додека тие се враќале од работната задача за обезбедување на нафтените постројки.