Обама утре во посета на Мексико

Американскиот претседател Барак Обама утре ќе го посети Мексико, што е негов прв престој во Латинска Америка откако е претседател. Како што е најавено, со домаќините ќе разговара за борбата против трговијата со дрога, билатералната трговија и американската имиграциона политика.