Ден на сонцето во Северна Кореја

Во Северна Кореја денеска се одбележува Денот на сонцето, национален празник во чест на раѓањето на бившиот лидер Ким Ил Сунг. Државната телевизија цел ден емитува документарци за него, а подготовките за прославите траеја со недели. Синот на Ким Ил Сунг, кој сега е лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ил, во чест на својот татко унапредил 50 генерали.