Медведев оцени дека демократијата во Русија е етаблирана


Рускиот претседател Дмитриј Медведев, во интервју за весникот Новаја Газета, изјави дека демократијата во земјата не смее да биде жртвувана заради стабилноста или заради економскиот развој. Тој оцени дека демократија во Русија е етаблирана. Според Кремљ, Медведев дал интервју токму за Новаја Газета во знак на подршка на овој весник во кој работеа убиените новинарки Ана Политковскаја и Анастасија Бабурова.