Средба Коњановски - Фицџералд

Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски вчера во Бар, Црна Гора, имаше неформална кратка средба со адмирал Марк Фицџералд, командантот на Здружената команда на силите на НАТО во Неапол и на американската морнарица за Европа, кој приреди прием на брод на морнарицата, јавува МИА. На средбата беше истакнато задоволство од одличната соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Командата на јужното крило на НАТО во Неапол. Истовремено беше потврдена заедничката желба за натамошно јакнење на одлично воспоставените релации на Македонија со САД и со НАТО.