Рен предлага арбитражно решавање на словенечко- хрватскиот спор

Членовите на Словенечкиот надворешно политички совет синоќа на затворена седница го разгледувале предлогот на евро- комесарот за проширување Оли Рен за решавање на словенечко- хрватскиот граничен спор. Тие се согласиле дека тое е единствениот предлог кој води кон решавање на прашањето со границата, како и за отворање на нова етапа за преговорите на Хрватска за пристапување кон ЕУ. Инаку, Рен предложи спорот за границата меѓу двете земји да биде решаван од петчлена „ад хок“ арбитражна група, а Словенија да прекине да ги блокира хрватските преговори со Унијата.