Шестти ден протести во Грузија

Претседателот на Грузија Михаел Саакашвили изјави дека Грузија нема да поттклекне пред руските обиди за предизвикување немири во земјата. Тој исто така ја обвини Русија дека ги зголемува своите сили во отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија. Опозиционите активисти, поставија шатори и ја поминаа ноќта пред Претседателскиот Кабинет, а за подоцна во текот на денов планираат оддржување на протести, шестти ден по ред. Тие бараат оставка од претседателот Саакашвили.