Сомалијските пирати киднапирале три брода

Сомалијските пирати киднапирале три брода - еден грчки товарен брод и два египетски брода, јавуваат агенциите. Грчкиот брод, со 22-ца членови на екипажот бил киднапиран во текот на ноќта. На двата египетски рибарски брода, како што соопшти министерство за надворешни работи на оваа земја, се наоѓале 24 членови на екипажот. Нападите на сомалијските пирати се зачестуваат, а агенциите јавуваат дека околу 20 бродови биле нападнати во изминативе три недели.