Фидел Кастро бара целосно укинување на американската блокада на Куба

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро денеска, наведувајќи дека Куба не бара милосрдие, го повика американскиот претседател Барак Обама целосно да ја прекине блокадата на неговата земја. До неговиот коментар, објавен на интернет страницата ,,Кубадебата,, доаѓа само неколку часа откако американската админситрација ја укина забраната за патување и за трансфер на пари меѓу двете земји што е за прв пат во изминативе триесет години. Кастро додава дека неговиот брат Раул, кој е шеф на државата, е подготвен да преговора со Вашингтон врз основа на почитување на суверенитетот.