Турски авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Четири турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор над Егејско Море и прелетале на четиристотини метри височина над островите Фармакониси и Агатониси. Турските воени авиони биле пресретнати од грчките ловци во централниот дел од Егејско Море. Ова се случило во време кога грчкиот премиер Костас Караманлис бил во воената поморска база во Саламин, за да ги поздрави морнатите кои се вратија од мисијата против пиратите во близина на брегот на Сомалија.