Пакистан со закон за шериатско право

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, како што јавуваат агенциите, го потпишал законот со кој во подрачјето Сват, на северот на земјата, ќе владее исламското шериатско право што е дел од мировниот договор со талибанските милитанти. Претходно, Националното собрание усвои резолуција со која се бара од претседателот да го забрза спроведувањето на законот договорен со локалните власти уште во февруари годинава. Овој договор беше критикуван од организациите за човекови права.