Министерот за одбрана Коњановски на прием на американски воен брод

Mинистерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски го продолжува престојот во Црна Гора. Денеска тој ќе присуствува на прием на брод на морнарицата на САД, организиран од страна на адмирал Марк Фитџералд, Командант на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол и Командант на американската морнарица во Европа.