Иранскиот претседателски кандидат Мир Хосеин Моусави најави дека нема намера да ја суспендира нуклеарната програма на земјата, доколку дојде на власт. Тој додаде дека доколку биде избран за претседател, „ќе обезбеди гаранции“ дека иранската нуклеарна програма нема да произведува оружје.