САД ќе ја интензивираат борбата против пиратите

Претседателот на САД Барак Обама најави интензивирање на борбата против пиратите во Aфрика. Изјавата на Обама следи еден ден по успешната спасувачка мисија на американски товарен брод од сомалискиот залив, при што американските воени сили застрелаа тројца пирати.