ДИК ги објави конечните резулатите од изборите

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори. На изборите Ѓорге Иванов освоил 59,37 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Љубомир Фрчковски 34,66 отсто. Од вкупниот број запишани гласачи, гласале 42,63 проценти. Инаку денеска во Скопје остварија средба новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и лидерот на ДУИ Али Ахмети. На средбата се разговарало за НАТО и ЕУ интеграциите, прашањето за спорот со името, вклучувањето албански интелектуалци во новиот претседателски кабинет. Иванов по разговорите, го повтори ставот за разумен компромис со Грција, но не изнесе детали.