Молдавија во очекување на пребројувањето на гласовите од изборите

Во Молдавија се очекува пребројувањето на гласовите од последните парламентарни избори на кои победи Комунистичката Партија на претседателот Владинир Вороњин. Уставниот Суд им даде на властите рок од 9 дена уште еднаш да ги пребројат гласовите. Опозицијата, која и вчера протестираше во главниот град Кишињев, бара оставка од владата и нови избори, бидејки смета дека оние на 5-ти април биле нерегуларни.