Загинал американски војник во Ирак

При експлозија на бомба поставена на пат, северно од Багдад денеска загинал еден американски војник, соопшти американската армија. Инцидентот се случил во ирачката провинција Шалахудин. Вклучувајќи го и последниот случај, во изминативе три дена во Ирак загинаа шест американски војници.