Убиен политички претставник во авганистанската провинција Кандахар

Вооружени лица убиле член на Советот на авганистанската провинција, Кандахар. Како што соопштија локални претставници, Ситара Аскзаи била убиена вчера од две вооружени лица кои ја нападнале додека се враќала кон својот дом. Властите за убиството ги обвинуваат талибанските бунтовници.