Во Рим оддржана велигденска миса пред неколку илјади верници

Неколку илјади верници кои според Грегоријанскиот календар, денеска го прославуваат Велигден ја следеа мисата на Папата Бенедикт 16-ти, која се оддржува во Базиликата Свети Петар во Рим. Во пораката папата повика на зголемување на напорите за воспоставување на израелско-палестински мир и ги повика верниците да не губат надеж во справувањето со новите предизвици. Папата оддржа посебна молитва за жртвите од неодамнешниот земјотрес во италијанскиот град Л`Аквила во кој загинаа околу 290 лица, а неколку илјади останаа без своите домови.