Ирак, Турција и САД против курдските бунтовници

Ирачки претставници соопштија дека Ирак, Турција и Соединетите Држави договориле зголемување на разузнавачката соработка со цел поуспешна борба против курдските бунтовници. Ирачкиот министер за безбедност Ширван Ал Ваили, по состанокот во Багдад со претставниците од Турција и Соединетите Држави изјави дека трите земји договориле формирање на заеднички комитет за подобро справување со милитантите од Курдската работничка партија, кои често изведуваат напади врз турска територија од региони во Северен Ирак.