И денеска неколку илјади демонстранти протестираа во Грузија

Неколку илјади опозициони приврзаници и денеска протестираа во главниот град на Грузија, Тбилиси, барајќи оставка од претседателот Михаел Саакашвили. На третиот ден од протестите, демонстрантите се собраа пред зградата на Парламентот. Тие вчера најавија граѓанска непослушност и повикаа на блокирање на патиштата во градот. Демонстрантите го обвинуваат претседателот Саакашвили за недемократско владеење, неспроведување на реформите, како и непреземање на мерки за справување со големата невработеност. Кон Саакашвили упатуваат и критики за неуспешната минатогодишна војна со Русија, кога се отцепија Јужна Осетија и Абхазија.