Помош од ЕУ за санирање на последиците од земјотресот во Италија

Стручни лица од земјите од Европската Унија деновиве ќе допатуваат во Италија, за да извршат проценка на безбедноста на зградите оштетени во земјотресот што се случи во градот Л`Аквила, соопшти денеска Европската Комисија. Италијанската влада освен стручна помош, од Европската Комисија побара и парична помош за санирање на последиците од земјотресот. Според последните податоци, 291 лице загина во земјотресот, а неколку илјади луѓе останаа без своите домови.