Анти-владините демонстранти го спречија состанокот на АСЕАН во Тајланд

Неколку стотици анти-владини демонстранти упаднаа денеска во хотел во тајландското одморалиште Патаја каде што се оддржувал состанок на лидерите од Азиските земји, по што владата во Тајланд прогласи вонредена состојба во областа. Властите во земјата соопштија дека лидерите, учесници на состанокот на АСЕАН- асоцијација на државите од југо-источна Азија, безбедно биле евакуирани и ја напуштиле земјата. Во Тајланд изминатава недела се оддржуваат големи протести против премиерот Аписит Вечачива.