Манифестација во Скопје за правото на различно мислење

На плоштадот Македонија во Скопје се одржува манифестација покрената од повеќе невладини организации, насловена Плоштад Слобода. Целта на акцијата, според организаторите, е зачувувањето на правото на различно мислење, на слободен протест и собир. Оваа манифестација е поттикната од случувањата на 28-ми март годинава кога на плоштадот дојде до конфликт меѓу оние што протестираа против изградбата на црква на тоа место и оние што ја подржуваат таквата идеја.