Приштина ги отфрла информациите за злосторствата на ОВК

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу денеска ја отфрли информацијата на Би Би Си кој, повикувајќи се на изјава на косовски Албанец, јави дека припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово измачувале цивили. Сејдиу негираше дека припадниците на ОВК формирале тајни затвори во кои измачувале српски, албански и ромски цивили. Косовската министерка за правда Некибе Кељменди изјави дека ЕУЛЕКС има мандат за да започне истрага и да го расветли ова прашање.