Црвенковски на последна средба со раководството на АРМ

Армијата на Република Македонија во наредниот период мора да продолжи со своето модернизирање во согласност со највисоките меѓународни стандарди, порача македонскиот претседател и врховен командант на Армијата Бранко Црвенковски на денешниот работен состанок со министерот за одбрана Зоран Коњановски и раководството на АРМ по повод неговото заминување од претседателската функција. Црвенковски додаде дека за Македонија не постои друга алтернатива освен целосна и брза интеграција во евроатлантските структури.