Осум земји членки на ЕУ бараат укинување на визите за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Италија, Полска, Словенија, Унгарија, Словачка, Естонија, Летонија и на Литванија, викендов испратиле писмо до Европската комисија со кое го потврдуваат прогресот на Македонија и другите земји од Западен Балкан и бараат одлуката за симнување на шенгенската визна бариера да биде донесена без одложување, јавува МИА. Шефовите на дипломатиите на осумте земји изразуваат надеж дека целата процедура може да биде завршена до крајот на годината, а безвизниот режим да почне да се применува од 2010-та година.