Неколку илјади демонстранти на протестите во Грузија

Неколку илјади демонстранти протестираат денеска во главниот град на Грузија Тбилиси, барајќи оставка од претседателот Михаел Саакашвили. Според агенциите околу 50 илјади луѓе учествуваат на протестите, кои според најавите ќе се оддржуваат секојдневно и во повеќе градови во земјата. Опозицијата обвини дека во текот на ноќта полицијата привела околу 60 нејзини приврзаници, спречувајќи го нивното учество на анти-владините протести. Грузиското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата ќе биде подготвена, но оти нема да интервенира се додека демонстрантите протестираат мирно.