Изборната комисија во Молдавија ги потврди резултатите од изборите

Централната изборна комисија во Молдавија ги потврди резултатите од неделните парламентарни избори, според кои комунистите освоиле 60 места. Опозицијата во вторникот протестираше во главниот град Кишињев, а во нередите едно лице загина, а над 270 беа повредени. Претседателот на Молдавија Владимир Вороњин ја обвини соседна Романија за вмешаност во обид да се собори комунистичката власт. Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров побара до Европската Унија и од Романија да дејствуваат против поткопувањето на суверенитетот на Молдавија.