Јан Фишер од денеска нов премиер на Чешка

Чешкиот претседател Вацлав Клаус денеска се очекува да го наименува Јан Фишер за нов премиер. Клаус го прифати предлогот да се формира службена влада која ќе функционира се до изборите закажани за октомври. Јан Фишер досега ја извршуваше функцијата шеф на Националниот завод за статистика. Се очекува со назначувањето на нов премиер да се стави крај на политичката криза во земјата актуелен претседавач на ЕУ.