Комунистите во Молдавија немаат апсолутно мнозинство

Комунистичката партија на Молдавија на парламентарните избори во неделата не освоила доволно гласови за да може сама да формира влада, покажуваат конечните резултати на Централната изборна комисија. Прелиминарните информации говореа дека комунистите освоиле 61 мандат, доволни сами да изберат претседател на Молдавија. Инаку, во главниот град Кишињев изминатите три дена се проследени со бурни протести на опозицијата, која ја оспорува победата на комунистите.